Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден при посетата на Белград изјави дека за цела Европа е битно регионот да биде обединет и мирен и дека Србија е камен темелникот во регионот.
Тој на прес конференцијата изрази сочувство кон сите што ги изгубиле саканите за време на НАТО бомбардирањето.
-САД и Србија секако дека не се согласуваат околу секое прашање, има многу лузни и рани кои живеат од деведесеттите години, но јас се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат идните генерации и целиот регион ќе биде обележан со економски раст, рече Бајден.
Тој кажа дека војската на САД и Србија заедно ќе се борат против Исламска држава и ќе учествуваат во мировните операции, како и дека разговарал за спогодбата за екстрадиција со што ќе се овозможи подобра полициска соработка на двете држави.
Господине премиер, поминавте голем пат за да ја направите вашата земја победник на многу полиња. Да ви се заблагодарам на пречекот на аеродромот. Направивте мојата внука да верува дека јас сум многу важна личност. Мојата посета е кратка, но мислам дека многу постигнавме. Се знаеме долго време, Обама и јас го почитуваме лидерството во важните моменти, посебно во односите со Хрватска, рече Бајден.
Потпретседателот на САД истакна дека неговата држава го поддржува европскиот пат на Србија заоа што тое е во интерес на САД.
-Во интерес на САД е Србите да напредуваат и јас навистина верувам во тоа, рече Бајден на прес конференцијата со премиерот Александар Вучиќ.