СДСМ: „Курир“ јалово се обидува да го покрие нефункционирањето на институциите

Од:

Партиското гласило на ВМРО-ДПМНЕ, „Курир“, два дена јалово се обидува да го прикрие нефункционирањето на институциите, неспособноста на власта и парадерското шоу на Никола Груевски во поплавените подрачја.

Се покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најважен е политичкиот маркетинг а не решавањето на бројните проблеми на граѓаните.

Со ваквиот начин на однесување на „Курир“ во ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека нема искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните.

За оваа катастрофа што ги зафати граѓаните на Скопје мора да има политичка и кривична одговорност.

Активистите и волонтерите на СДСМ, заедно со сите добронамерни граѓани без разлика на партиска или етничка припадност, ќе продолжат да им помагаат на граѓаните од погодените подрачја.

А вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година, пишува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања