СДСМ: Пензионерскиот дом во Штип се гради без соодветна документација

Од:

Неодговорниот однос на локалните власти дополнително ја зголемува неизвесноста на неколку стотици пензионери од Штип и Карбинци коишто веќе со години ја очекуваат изградбата на новиот Пензионерскиот дом во Штип. Основното Јавно обвинителство Штип, а по претходна пријава од СВР Штип, пред извесно време започна истражна постапка врз основано сомнение дека Пензионерскиот дом се гради без соодветна документација, со што има статус на дивоградба, рече Ленче Рунтева, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Иако локалните власти се запознаени дека Здружението на пензионери од Штип и Карбинци нема добиено одобрение за градба и надградба на некогашниот ресторан 4- јули кој се наоѓа во непосредна близина на касарната „Јане Сандански“, дозволи на овој простор да никне градба која не е предвидена во урбанистичкиот план на градот и за која не постои дозвола за градба.

Чии интереси се штитат во целата оваа сомнителна постапка?

Општинскиот градежен инспекторат уште еднаш ги затвори очите пред незаконската градежна експанзија која владее во градот. Нелегалните објекти кои никнуваат се „невидливи“ само за локалните власти.

Можноста пензионерите да ги изгубат сите средства кои со години ги издвојуваа од сопствениот џеб, не е доволна причина за локалната власт на чело со Захариев да ја преиспита целокупната постапка за изградба на пензионерскиот дом.

Ги повикуваме надлежните сериозно да се зафатат со решавање на проблемот и пензионерите конечно да добијат нов Пензионерски дом.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски