Рио 2016: Познати пет селекции четврфиналнисти на ракометниот турнир за мажи

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од претпоследното 4. коло по групи, познати се пет репрезентации кои веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на ракометниот оллимписки турнир во Рио.

Од групата А, и покрај поразот од Хрватска со 29-28 репрезентацијата на Франција заедно со Хрватска се пласира во четвртфиналето каде место обезбеди и Данска која со 26-25 го победи Катар. Ракометарите на Аргентина со триумфот над Тунис 23-21 ги задржаа шансите за влез меѓу осумте најдобри, а во последното коло „гаучосите“ во дуректа пресметка со Катар ќе решаваат која селекција ќе се пласира во четвртфиналето.

Во дербито за првото место во Б групата, Германија ја победи Словенија со 28-25, но и двете селекции се пласираа во четвртфиналето. На другите два натпревари Египет и Бразил одиграа нерешено 27-27, додека Полска и го нанесе на Шведска и четвртиот пораз (25-24), по кој „викинзите“ и дефинитивно ги загубија шансите за четвртфиналето.

А група – табела: *Франција 6 бодови, *Данска 6, *Хрватска 6, Катар 3, Аргентина 2 и Тунис 1.

Б група – табела: *Германија 6 бодови, *Словенија 6, Бразил 5, Полска 4, Египет 3 и Шведска 0.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ