Германецот Кристоф Хартинг ја освои олимписката титула во фрлање диск на Летната олимпијада во Рио, откако во последнито обид имаше 68.37 метри за да го помине лидерот, Полјакот Пјотр Малаховски
Постариот брат на Хартинг, Роберт го освои златото пред четири години во Лондон, но не ги помина квалификациите откако заработи повреда на грбот обидувајќи се да исклучи лампа во неговата соба со нога.
Без него, големиот Полјак Малаховски беше главен фаворит, но помладиот брат на Роберт се погрижи златото да остане во семејството.