Хрватска загуби од Нигерија, а Шпанија ја победи Литванија со 50 разлика

Од:

На машкиот кошаркарски турнир во Рио синоќа беше комплетирано претпоследното 4.коло во А групата.

Селекцијата на Хрватска неочекувано беше поразена од Нигерија со 76-90. Затоа пак европскиот шампион Шпанија се враќа во голема форма. По двата стартни порази „црвената фурија“ ноќеска ја декларира дотогаш непоразената Литванија со 50 поени разлика 109-59.

Но, и покрај поразот Литванците заедно со Аргентина која по две продолженија го доби латино-американското дерби со Бразил со 111-107 се селекциите кои на коло пред крајот на групната фаза веќе обезбедија пласман во четвртфиналето.

Табела: *Аргентина 7 бодови, *Литванија 7, Шпанија 6, Хрватска 6, Бразил 5 и Нигерија 5.
Од групата А остануваат само уште едно слободено места за четвртфиналето во кое пласман веќе обезбедија САД, Австралија и Франција, додека директниот меѓусебен дуел меѓу Србија и Кина ќе го даде последниот патник меѓу осумте најдобри.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ