Британецот Мо Фарах успешно ја одбрани својата титула на 10.000 метри, откако беше на тартанот во 10. круг бидејќи се сопна од својот американски тренинг-партнер, Гејлен Рап.
Фарах веднаш стана и продолжи со трката, за да го помине Кениецот Паул Тануи во последниот круг за импресивна победа. Тој е шестиот човек со две титули на 10.000 метри, во стапките на Етиопјаните Кенениса Бекеле (2004, 2008) и Хаиле Гебрселасие (1996, 2000).
„Никоја трка не е лесна, но сите знаат што можам да направам. Секогаш се работи напорно и тоа може да го загубите за минута“, вели Фарах.
10.000 МЕТРИ (М)
1.Мохамед Фарах (Бри) 27:05.17
2.Паул Кипнгетич Тануи (Кен) 27:05.64
3.Тамират Тола (Ети) 27:06.26