Потенцијалот на младите луѓе во пружањето придонес на економскиот, политичкиот и социјалниот развој е неспорен, нивниот глас е важен и мора да се слушне, порача денеска генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Ламберто Заниер по повод 12 август, Меѓународен ден на младите.
– Мораме двојно да ги зголемиме напорите и да соработуваме со млади мажи и жени на сите нивоа ширум регионот на ОБСЕ за да им овозможиме да ја изнесат својата визија за мирни, инклузивни и одржливи општества, нагласи Заниер.
Специјалната претставничка на ОБСЕ за млади и безбедност Милена Стошиќ предупреди дека младите се исто така група, која се соочува со голем ризик за социјална исклученост и дека треба да им се пружат повеќе можности да учествуаат во вистинскиот дијалог.
Специјалниот претставник Пол Штајнер изјави дека ОБСЕ има големо влијание на зацврстување на демократските реформи и зајакнување на цивилното општество преку работа на терен, додека специјаната претставничка Ана Катарина Дајнингер истакна дека ангажирањето на младите е камен-темелник на многу методи за сузбивање на насилниот екстремизам.
Меѓународниот ден на младите, 12 август, оваа година е фокурисан на спроведување на Агендата за одржлив развој 2030 и водечката улога, која младите ја имаат кога станува збор за еднаков социоекономски развој, се наведува во соопштението на ОБСЕ.