Сладолед од манго

Од:

Освежително слатко задоволство …

Потребно е:

2 поголеми зрели манга
250 мл кокосово млеко
30-60 гр мед
125 мл кондензирано млеко
100 мл рум со вкус на манго (по желба)

Подготовка:

– Користете 1 свежо и 1 замрзнато манго (прво исечете го на коцки па замрзнете го, но не потполно).

– Сите состојки (само едното, замрзнатото манго) ставете ги во блендер и сомелете ги во хомогена смеса. Ако сакате додадете рум.

– Во зависност колку е слатко мангото додадете мед по вкус.

– Другото манго исецкајте го на коцки и сомелете го во блендер. Смесата сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач да се стегне барем неколку часа. По два часа извадете ја и изматете ја повторно со миксер. Покријте ја со пластична фолија и ставете ја повторно во замрзнувач.

– Во еден сад измешајте ги сладоледот и смесата од манго но не сосема, оставете да остане сладоледот шарен.

Повторно вратете го во замрзнувач и оставете да стои најмалку 2 часа.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска