Белгиските власти добија анонимни закани за поставена бомба во два авиона, кои наскоро треба да слетаат на аеродромот Завентем во Брисел, објави белгиската телевизија ВРТ.
На аеродромот се упатени полициски и медицински служби.
Според белгиското Државно обвинителство „заканите се доволно сериозни за да се преземат соодветни мерки“.