Хрватскиот златен стрелец ослободен од војска заради слаб вид

Од:

Освојувачот  на првиот златен медал за Хрватска на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Јосип Гласновиќ ја израдува неговата нација со тој успех, но исто така го привлече вниманието на уште еден занимлив детал.

Гласновиќ од 2015 година е вработен во хрватската војска, а работата ја добил во договор со Хрватскиот олимписки сојуз иако бил ослободен од служењето на воениот рок поради проблеми со видот, јавија хрватские медиуми.

Тој на 17 години го повредил десното око, токму она око кое му го донесе златото на стреланата Деодоро во Рио и добил диоптрија плус 1,75. 

Гласновиќ освои медал за Хрватска во дисциплината трап, односно гаѓање глинени гулаби.
И на минатогодишните Олимписки игри во Лондон златен медал во истата дисципкина освои исто така, натпреварувачот на Хрватска, Џовани Черногорац, кој како Гласновиќ е вработен во хрватската војска. 

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ