Тенкот во Радуша е всушност само купола која е останата од запленетото воено возило во 2001 година , а на неа е поставен командантот на УЧК од Косово, Адем Јашари.
Тенкот е запленет за време на борбите пред 11 години во Радуша, откако борбеното возило било оставено таму.
Според верзијата од дел од учесниците во борбите кај Радуша со кои контактираше А1, тенкот го возеле резервисти, кои го заглавиле со едната гасеница во ендек, и при целиот хаос кој владеел на теренот, го оставиле борбеното возило и заминале.
Овој тенк никогаш не бил употребен од страна на ОНА во воените дејствија, а дел од учесниците во воениот конфликт тврдат дека тоа е поради фактот што бил оставен онеспособен.
Овој тенкот од тогаш се наоѓа во Радуша, а уште пред неколку години е поставена куполата на борбеното возило како споменик при влезот во селото. Сега на неа е поставен споменикот на Адем Јашари.
Надлежните немаа одговор-зошто тенкот толку години е оставен во селото.