(ВИДЕО) Утре ден на жалост

Од:

Утре во Македонија е прогласен ден на жалост поради смртта на 20 лица од обилните врнежи на дожд и поплави.

Семејствата на загинатите ќе добијат еднократна помош од 180 илади денари од град Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановки додаде дека успеале да интервенираат со помош на МВР, ЕБР, АРМ и опремата од камиони, џипови, хермелини и целосната механизација од јавните претпријатија, како и дека е отворен прифатен центар во Основното училиште „Панче Арсовски“ за сите оние чии домови беа урнати, а дистрибутивен центар е отворен во ОУ „25 Мај“ во Сингелиќ, каде има вода, храна и облека за поплавените.

– За дваесетина минути наврнаа 93 литри на метар квадратен. Тоа е како водена бомба да падна врз градот Скопје. Дождот затече многу луѓе на поле, на пат и на обиколницата. Невремето однесе дваесетина жртви. Сочуствуваме за загинатите и се надеваме дека нема да има нови жртви, рече Трајановски.

Советничката од коалицијата на СДСМ, Линдита Атанасова изрази сочувство за жртвите и побара и претставници од оваа коалиција да бидат вклучени во сите комисии за проценка на штетата. Таа побара вонредна седница на која ќе се прерасподелат средства од буџетот и ќе им бидат доделени на оние чии домови се поплавија.

Советникот Идриз Орана од ДПА рече дека од обзир кон жртвите нема да ги истакне проблемите кои со години се провлекуваат во тие населби и општини, но во најскоро време ќе бара да се утврди одговорност и виновник.

Скопје беше погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број скршени и паднати дрвја.

Би можело да ве интересира

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ