На Олимписките игри во Рио денеска ќе се одиграат осум натпревари од 1. коло од машкиот фудбалски турнир.
Шеснаесетте репрезентации се поделени во четири групи по четири селекции, а за најголем фаворит се смета домаќинот Бтазил, кој е предводен од ѕвездата на Барселона, Нејмар.
Еден од најинтересните дуели од групната фаза се игра денеска, а тоа е натпреварот Португалија – Аргентина.
Двојки за 1.коло:
А група: Бразил – Јужна Африка и Ирак – Данска.
Б група: Шведска – Колумбија и Нигерија – Јапонија.
Ц група: Мексико – Германија и Фиџи – Јужна Кореја.
Д група: Хондурас – Алжир и Португалија – Аргентина.
Двете првопласирани селекции од секоја група ќе изборат пласман во четвртфиналето на Олимписките игри.