СДСМ: За ад хок телото и за уредник на МРТ имаме над 20 кандидати

Од:

Она што можам во моментов да го кажам е дека по истекот на рокот на овој повик за пријавување на кандидати за членови на ад-хок телото за следење на медиумите и за главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија пријавени се над 20 кандидати, професионалци, информираше Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Во текот на денот ќе извршиме интензивни консултации и координации со професионалните здруженија на новинарите, со граѓанските здруженија, со невладините организации, по што ќе имаме повеќе детали. Она што во моментов можеме да го кажеме е дека над 20 луѓе, професионалци се имаат пријавено на повикот заклучно со рокот што беше вчера – рече Николовски.

Во сабота истекува рокот во кој СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА треба да предложат членови за ад хок телото, па се очекува викендот да бидат избрани четворица, кои потоа тие треба да го изберат и петиот член на ова тело. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски