Во присуство на дел од македонскиот олимписки тим, амбасадорот на Република Македонија во Бразил Ивица Боцевски и шефот на македонската олимписка делегација Владимир Богоевски во олимпиското село во Рио де Женеиро беше подигато македонскот знаме.
Синоќа пристигна и поголемиот дел од македонскиот олимписки тим, кој на 2 август од Скопје замина за олимпискиот град. Прва од САД во Рио пристигна пливачката Анастасија Богдановски, која на церемонијата на свеченото отворање утре вечер ќе го носи македонското знаме.
Последен утре околу пладне во Рио ќе пристигне Марко Блажевски.
Македонија на 31. Олимписки игри во Рио ќе биде претставувана од шест спортисти. Покрај пливачите Богдановски и Блажевски ќе се натпреваруваат уште атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска и Нина Балабан во стрелаштво.