По признанието на Богов, Јавното обвинителство да ги повика сите сведоци за кривичните пријави против Миноски и Бришкоска

Од:

Гувернерот Богов, во интервјуто за Алсат-М телевизија, обидувајќи се да го оправда своето присуство на конференциската врска со агентите и кредиторите одржана на 18.07.2016 година, еден ден пред издавањето на незаконската еврообврзница од 450 милиони евра, потврди незаконско присуство на заменик министерот за правда, Билјана Бришкоска.

Согласно изјавата на министерот за правда, заклучно со 24.07.2016 г., до Министерството за правда ниту една една институција се немала обратено во врска со издавањето на еврообврзницата и некој друг освен министерот за правда немал овластување да го претставува министерството.

Оттука, го повикуваме Основното јавно обвинителство, пред да донесе решение по поднесените кривични пријави против Миноски и Бришкоска, да ги повика сите наведени сведоци во пријавите, поради тоа што еден од посочените сведоци, Богов, јавно призна за конференциската врска.

Секое друго постапување на Основното јавно обвинителство ќе го сметаме за одлучување врз основа на партиско влијание, посочуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз