Кремасто, вкусно и лесно за подготовка …
Потребно е:
400 мл слатка павлака
4-5 лажици шеќер
1 лажице мелено турско кафе
1 кесичка (14 гр) инстант капучино кафе
100 гр црно чоколадо
10 гр желатин во прав и 4 лажици вода за подготовка
200 мл слатка павлака изматена во шлаг
малку мелено кафе, за украсување
Подготовка:
– Желатинот подгответе го според упатството на пакувањето.
– Во еден подлабок сад на рингла ставете ги слатката павлака, шеќерот, кафињата и чоколадото и оставете ги да се загреат. Мешајте додека да се растопи чоколадото и додека смесата да дојде до вриење.
– Тргнете го садот од рингла и додадете го желатинот. Мешајте додека да се растопи желатинот.
– Внимателно распоредете ја содржината во чаши и ставете ги во фрижидер да се изладат.
– Кога ќе се излади кремот одозгора ставете од изматената слатка павлака, посипете малку со кафе и послужете.