Нешто повеќе од 8 800 луѓе во текот на 2015 година го напуштиле местото на живеење и се отселиле во друг град, општина или пак ја напуштиле Македонија. Последните податоци за миграциските движења во земјава кои ги објави државниот Завод за статистика покажуваата дека лани Македонија ја напуштиле 767 граѓани, пишува неделната економската анализа на Порталб. Освен со “белата чума“, земјата на внатрешен план се соочува со уште еден сериозен проблем кој значајно ја менува демографската слика а тоа е намалувањето на природниот прираст.
Миграцискиот бран ги отселува младите …
Ланската 2015 година Македонија ја напуштиле 1 016 граѓани, од нив 767 биле македонски државјани а 249 биле странци со привремен престој во земјава. Според податоцтите од државната статистика, во 2015 година на внатрешен и надворешен план мигрирале вкупно 8 050 граѓани, што значи дека дел од нив заминале во странство, дел се иселиле во друг град или друго место во иста општина.
Во истиот анализиран период само 259 државјани на Македонија се вратиле назат од странство во сопствената земја. Мерењата откриваат дека на удар на иселувањето се малите градови и места, каде бројот на жители е во постојан пораст. Така на пример само од Боговиње лани заминале 14 луѓе а од Брвеница 10. На удар на “белата чума“ се и Дебарца од каде само за една година во странство заминале 34 луѓе а од Делчево 29. Само од Јегуновце во 2015 година во странство заминале 67 луѓе а други 45 заминале во друга општина или на друго место во истата општина. На удар на миграцискиот бран е малата општина Македонска камница од каде само за една година во странство заминале 11 лица. Сериозни показатели за туристичкиот Охрид, од каде лани во странство се иселиле 384 луѓе. На удар на миграцискиот бран е и Тетово , град кој во 2015 година бил напуштен од 142 лица.
Како најатрактивни дестинации за иселување се Америка, Австралија, Германија, Италија, Швајцарија. Но, новите мерења покажуваат дека сеповеќе граѓани се иселуваат и на нови дестинации во Европа. Така на пример во 2015 година во Белгија заминале 12 луѓе а во Данска 11. Австралија и Нов Зеланд остануваат меѓу најатрактивни иселенички дестинации, каде во текот на ланската година заминале 128 луѓе, пишува Порталб.
Во потрага по подобри услови за живот ….
Ако се анализира внатрешната миграција низ призмата на возраста, податоците покажувата дека дури 48,4% од луѓето што го напуштиле местото на живеење се на возраст од 15 до 29 години додека 46,3% се лица на возраст од 30 до 64 години. Остантите 5,3 отсто отпаѓаат на најмалдите до 14 години и најстарата возрасна група над 65 години.
Како доминантна причина со удел од 52% за внатрешната миграција, односно преселување од едно на друго место, општина или град се посочува склучениот брак, а потоа следуваат семејсните причини, вработувањето, школувањето или други причини.
Од друга страна податоците покажуваат дека во 2015 продолжува намалувањето на природниот пристар во змејава кој изнесува 1,3 отсто, што е едно од најниските нивоа.
“Според последните достапни податоци природниот прираст изнесува 1,3%. Од 1994 година Македонија во континуитет е соочена со проблемот на намалување на природниот прираст, кој ја покажува расликата меѓу починатите и живородените. Само како пример, во 1994 година тој бил 15 772 а лани природниот прирас бил само 2 614, што е намалување за шест пати“, коментираат стаистичарите за Portalb.mk посочувајќи дека зад ваквите трендови се кријат бројни причини.
За да го стимулира природниот прираст, Владата во текот на 2009 и 2010 година спреведе мерки кои беа насочене особено кон многудетните семејства, а една од нив беше исплата на додаток за второ и четврто дете.
„Од 2011 до 2014 година, стапката на природен прираст е помала дури и од 2006 година кога била 1.9. Тоа, упатува на фактот дека ефектот од мерката не кореспондира со поставената цел, односно зголемениот број на третородени деца не е доволен да го надомести недостатокот на првородени и второродени деца во вкупниот број на живородени деца“, се наведува во неодманешната анализа на институтот “Финаце Тинк“ посветена на ефектите од субвенционирање на трето дете.
Негативни показател за природниот прираст има за Вардарскиот, Источниот и Пелагонскиот регион, што значи дека во овие региони имало повеќе починати лица отколку живородени деца, што според експертите е уште еден фактор која значајно влија врз вкупната демографска слика во земјава.