Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до денеска до 13:00 часот, 756 граѓани се пријавиле за да го регулираат своето избирачко право.
Од пријавените, како што информираат од ДИК, 207 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 549 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
На вкупно 39.502 граѓани не им се совпаѓаа податоците при вкрстените проверки за прочистување на Избирачкиот список и беа ставени на посебен список. Тие имаат рок до 19 август да се пријават до Државната изборна комисија за да го регулираат своето избирачко право и да достават валиден личен документ на проверка по што ќе бидат вметнати во Избирачкиот список.