Полицијата во Белгија по претресот на нивната куќа ги уапси браќата Нуредин Х. и неговиот брат Хамза Х., осомничени за планирање напад во државата, соопшти сојузното обвинителство.
„Врз основа на прелиминарните резултати од истрагата, се чини дека планирале напад во Белгија“, соопшти канцеларијата на сојузниот обвинител.
Засега не е откриена поврзаноста со координираниот напад на бриселскиот аеродром и во подземната железница од 22-ри март во кој беа убиени 22 лица, се додава во соопштението.
Полицијата пребарала седум домови во областа на Монс и на Лиеж. При претресите не се откриени оружје ниту експлозиви.
Во Брисел, во кој се наоѓаат институциите на ЕУ и е седиштето на НАТО, а и во цела Белгија, на сила е третиот степен на опасност од терористички напад од можните четири нивоа, односно има „сериозен“ статус со „можна и веројатна“ закана.