Јајоска: Директорот на Разузнавање крие луксузен стан од 90.000 евра, ќе одговараат!

Од:

Во оваа зграда, во овој луксузен станбен објект стан вреден околу 90.000 евра има директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев. Не ќе бевме овде ако директорот на Агенцијата за разузнавање не се обидел да го скрие станот, ако се земе предвид дека го нема во неговиот Анкетен лист. рече Рената Јајоска, членка на Извршниот одбор на СДММ.

Еве го Анкетниот лист на овој висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, со денешен датум. Изваден е од Веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Станот на оваа адреса, Фрањо Клуз број 2, со површина од 63 метри квадратни во вредност од околу 90.000 евра, во Анкетниот лист го нема.

Дека директорот на Агенцијата за разузнавање поседува стан во овој луксузен комплекс, со пазарна вредност од околу 90.000 евра, може да се види од овој Имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности.

Еве, состојбата е со денешен датум, станот е во сопственост лично на Наќе Чулев.

Чулев како директор на Агенцијата за разузнавање е должен да поднесе детален приказ на неговата имотна состојба во Антикорупциската комисија.

Според законот, тој мора да пријави и секакви промени во имотната состојба во Антикорупциската комисија коишто ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати.

Зошто досега високиот функционер од ВМРО-ДПМНЕ не го пријавил својот стан?

Како директорот на Агенцијата за разузнавање си купил стан во луксузен комплекс?

Груевски и соработниците можеби се поштедени од Антикорупциската комисија под нивна контрола.

Но ќе бидат казнети на регуларните избори во декември, по што за сите злоупотреби ќе следува и одговорност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски