Штајнмајер: Победа на Трамп би имала последици по трансатлантските односи

Од:

Евентуална победа на републиканскиот кандидат Доналд Транп на претседателските избори во САД во ноември годинава, би можела да има негативни последици врз трансатлантските односи, смета германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

Штајнмајер во интервју за весникот „Пасауер Ноје Пресе“ нагласи дека ако Трамп стане претседател на САД, тоа ќе предизвика „голема несигурност во трансатлантските односи“.

– Тврдењата на Трамп дека САД се опкружени со непријатели е гротескно, оцени Штајнмајер.

Според него, слоганаот на Транп за „враќање на големината на Америка“ е во спротивност со неговите заложби САД да не се мешаат во конфликтитите ширум светот. 

– Не можам да сфатам како едната работа очекува да ја поврзе со другата, забележува Штајнајер во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски