Грчките власти се вознемирени од бранот мигранти кои од турскиот брег се упатуваат кон островите во северниот дел на Егејско Море, објави весникот „Нафтемборики“.
На островот Хиос вчера пристигнаа околу сто луѓе, а дневно на островот Лезбос пристигнаа од 50 до 100 лица, посебно по неуспешниот обид за пуч во Турција.
Во меѓу време, грчката крајбрежна стража пресретна чамец со околу 40 мигранти и бегалци во близина на Лезбос, а други 26 мигранти и бегалци со гумен чамец пристигнале на Хиос. На Хиос пристигнале и други 48 бегалци.
Засега нема бегалци кои се упатени кон островот Самос.