Андонов: Миноски, овој ребаланс е една незгода за вас!

Од:

„Овој ребаланс е една незгода за вас министре. Незгода затоа што доаѓа во лошо време, во една голема беспарица во државната каса, затоа што главната поента со која се влече овој ребаланс е издадената на нелегитимен начин еврообврзница од 450 милиони евра. И сето тоа само за да ги задоволите хировите. Овие 450 милиони евра од еврообврзницата нема да помогнат за да ги подобрат работите во државава. Во Република Македонија нема народ. Оваа власт успеа да исели над 400, 500 илјади млади, работно способни граѓани.

Отидоа во странство да работат за гола егзистенција. Македонија годишно плаќа по 100 милиони евра камата! Огромна корупција владее во Република Македонија. Најмалку 5 милијарда евра се изнесени. Знаете ли 5 милијарди евра што значат за граѓаните на Република Македонија? По 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ имаме 200.000 граѓани во Република Македонија кои гладуваат. Тоа го кажува статистика, тоа го кажуваат и меѓународните институции. Ништо нема да кажете за оние 200 илјади граѓани кои живеат со по 50 денари на ден.

До каде и до кога ќе одите со овие задолжувања“, рече во обраќањето пратеникот Mиле Андонов во Собранието на Р.Македонија на којашто се дебатира за предложениот Ребаланс на Буџетот од страна на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски