СДСМ: Малку им е 450-милионската еврообврзница, продолжија и на домашниот пазар, ќе одговараат

Од:

„Малку им е еврообврзницата на власта на Груевски па продолжува и со домашните задолжувања.

Министерството за финансии денеска одржа аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар.

Министерството за финансии денеска запиша 9.26 милиони евра во домашни записи и обврзници!

Доспеаните долгови власта може да ги враќа со средствата од 450-милионската еврообврзница со којашто ги задолжија граѓаните.

Но тие повторно одржуваат аукции на домашниот пазар на капитал.

Оваа влада не може да функционира без задолжување на товар на граѓаните.

Затоа се потребни регуларни избори што побрзо.

Лудилото со задолжувањата мора да престане“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски