За еден степен е намален кредитниот рејтинг на Франција на “Аа1“, соопштила Американската кредитна агенција “Мудис“ со понатамошни негативни прогнози, што значи дека на среден рок е можно уште едно намалување.
Во соопштението на “Мудис“ се наведува дека агенцијата ја базирала својата одлука на неколку фактори, од кои најважно е “тоа што на долг рок економските прогнози на Франција негативно ќе влијаат на поќекратните структурни предизвици, вклучувајќи го постепеното намалување на конкурентноста и долготрајната ригидност на пазарите, стоките и услугите“.
Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјавил дека намалениот кредитен рејтинг претставува “осуда на претходната управа“, што се однесува на претходната влада, и додал дека новата влада на чело со претседателот Франсоа Оланд ќе навести “брза примена на реформи кои веќе се најавени“.