ДИК ги објави имињата на спорните гласачи, голем број фантоми остануваат

Од:

Државната изборна комисија на официјалната веб-страница ги објави имињата на близу 40 илјади спорни гласачи кои според новиот договор на партиите се спорни. Според договорот, тие имаат рок од 25 дена да се запишат во Избирачкиот список, во спротивно тие ќе бидат избришани.

Регистрирањето ќе биде лично во подрачните единици на ДИК, а гласачите ќе мораат да се пријавуваат со важечка лична карта или патна исправа, како и на веб-страната на Државната изборна комисија, каде граѓаните ќе треба да го внесат матичниот број и да приложат скениран важечки документ.

И покрај тоа, избирачкиот список не е целосно исчистен. Право на глас се уште ќе имаат голем број гласачи за кои А1он претходно објавуваше дека не постојат, за што сведочеа и граѓаните кои живеат на адресите каде се „сместени“ фантомите.

Право на глас се уште имаат Аристит Банчотов и Стеријана Банчотова, Луција Каролина Цаневска, Розалинда Дрвошанска и голем број други личности кои живеат во фантомски згради и куќи низ државата.

Државната изборна комисија исто така дава можност за повторен изборен криминал, бидејќи за да ги врати во избирачки список прогласените фантоми, ДИК бара единствено лична карта, а не и доказ за живеалиште на адресата во која тие наводно живеат иако во прислушуваните разговори кои ги објавуваше опозицијата можеше да се слушне изработка на лажни лични карти пред избори и за пријавување на починати лица во Избирачкиот список.

Ова го отвора прашањето дали Македонија би можела во скоро време да има некриминални избори без претходно да се изврши попис како најверодостоен начин за биршење на фантомските гласачи од избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

Утре на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список