Нимиц ќе ги соочи Јолевски и Василакис

Од:

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името Метју Нимиц, по вчерашните одделни средби, денеска ќе има заедничка ссистанок со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

По средбата што теба да се одржи во седиштето на ОН во Њујорк, најавени се изјави за медиумите. Засега нема информации за содржината на вчерашните одделни разговори на Нимиц со Јолевски и Василакис, и дали медијаторот излегол со нови конкретни предлози и идеи.

Во најавата за средбите, прес-службата на ОН соопшти дека целта е да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес во решавањето на прашањето за името.

Новата рунда разговори за прашањето за името доаѓа во пресрет на декемврискиот Самит на ЕУ на кој треба да се одлучи дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство по четвртата по ред препорака од Европската комисија. За разлика од претходните три, ЕК годинава предложи паралелно водење на пристапните преговори и на разговорите за името, односно Македонија во декември да добие датум за почеток на преговорите, а името да се решава во нивната рана фаза.

Во меѓувреме, Грција до Македонија испрати Меморандум за разбирање, на кој македонската страна одговори со своја аргументација, што од ЕУ, САД и други меѓународни фактори беше оценето како добар, позитивен и чекор напред.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски