Екс момче на Меланија Трамп откри детали од нејзината младост

Од:

На “eBay“ се појави необичен оглас во кој познатиот словенечки бизнисмен Петер Бутолн, поранешен новинар и портпарол во кабинетот на владата на Јанез Дерновшек и Антун Роп, продава веспа која е позната по тоа што во 1987 година по Љубљана и Словенија ја возела Меланија Кнавс, сега позната како Меланија Трамп.

-Продавам италијански мотор, “Piaggio PX 200 E“ 1984 годиште, металик сина боја. Прв сум сопственик, моторот е совршено зачуван, не е оштетен и е со оригинална боја. Сите делови се оригинални, како и кожното седиште. Веспата е позната по тоа што по Љубљана и Словенија во 1987 година ја возеше славната словенечка манекенка Меланија Кнавс, а денеска Меланија Трамп, сопруга на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, пишува во огласот.

Приходот од продажбата, пишува во огласот, ќе оди во Словенија, за хуманитарни цели за сиромашни деца без родители, а почетната цена за аукцијата е 9.900 долари.

-Да, тоа е моја веспа, додека јас и Меланија бевме заедно. Се возевме со неа по Љубљана и на море до Порторож. Јас и бев прво момче, но не траеше многу долго, бидејќи морав да одам на служење на воениот рок, а таа потпиша договор со една модна агенција од Милано. Меѓутоа, тоа лето, во 1987 година ни беше многу забавно, тврди Бутолн.
Петер Бутолн е само уште еден од доказите дека во Словенија не е стивната фамата за нивната Меланија Кнавс, девојчето од Севница, која ако Доналд Трамп победи на изборите во ноември, ќе стане прва дама на САД.

-Ние бевме во врска три месеци. Заврши школото и летото беше пред нас. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Имав 18, а таа 17 години. Љубљана е мала, сите се знаевме и секако веднаш ќе забележите ново лице во друштвото. Беше убава, витка, јас малку испив и го направив првиот чекор. Така тргна се. Одев да ја земам од нејзиниот стан. Беше тоа мал еднособен стан. Таа живееше со сестра и Инес, која беше четири години постара од неа. Прво живееа во изнајмен стан со нивниот татко, а потоа тој им купи стан. Таа два пати беше во мојот стан. Ни беше многу убаво. Таа никогаш не сакаше долги излегувања, не пиеше алкохол, како другите девојки. Сакаше да биде одморена за долгите снимања. Нашето дружење беше прекинато од моето заминување во војска. Од тогаш не се слушнавме никогаш, раскажува Бутолн.

По завршувањето на воениот рок Петер се обидел да ја пронајде Меланија, но не можел да стигне до неа. Бутолн е убеден дека таа можела да направи и многу поголема манекенска кариера, посебно по нејзината посета на естетскиот хирург Синиша Глумичиќ.

-Тогаш дури почна да изгледа како вистинска жена. Како модел можеше многу повеќе да направи, но избра златен кафез. Неа не и недостига ништо, но нема слобода. Онаа нејзина насмевка, па и плагирањето на говорот, само е доказ дека таа повеќе за ништо не одлучува. Но тоа е нејзин избор, истакнува Бутолн.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп ја одби поканата за во Белата куќа

ВИДЕО: Со голи фотографии од Меланија, руската телевизија му „честиташе“ на Трамп

Катерина Ѓуровски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски