ДИК најдоцна во вторник ќе ги објави имињата и презимињата на спорните гласачи

Од:

Државната изборна комисија најдоцна до вторник треба да ги објави имињата и презимињата на спорните 40 илјади гласачи, а доколку тие не се пријават да го потврдат својот идентитет во предвидениот рок, ќе бидат избришани од Избирачкиот список.

Списокот ќе биде објавен на интернет страницата на ДИК, а спорни се точно 39.502 гласачи.

По вкрстените проверки на ДИК во текот на пролетта, беше утврдено дека 171.500 лица немаат никаква активност во земјата, односно се во странство. Тие ќе бидат ставени на посебен список.

До 4 август треба да се формира и договореното ад¬хок тело за набљудување на медиумите, 100 дена пред изборите.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски