Градоначалникот на Чаир, Изат Меџити предлага дека е време е да се отвори дебатата за законот за финсирање на општините, зашто според него Македонија заостанува во овој правец и е една од најцентрализираните држави. Меџити ова го кажа на конференцијата „Локалниот и регионалниот развој-потенцијал или параван“, во организација на Фондот Отворено Општество Македонија.
„Само Грција и Кипар се поцентрализирани од Македонија, сите други се понапред во поглед на децентрализацијата.Посебно ова се однесува за персоналниот данок, каде во европските држави минумум 50 проценти е извор за финансирање на општините“, рече Меџити.
Според градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, решението за сите проблеми е во договор на локалната со централната власт.
„И персоналниот данок и данокот на имот треба да имаат прогресивна домензија, тие што се побогати треба да плаќаат поголем данок. Ова е капиталистичко општество и така треба да се постапува“, рече тој.
Според Ѓорчев постојат сеуште многу сиви зони како што се таксите за ТВ и кабелски оператори , што не е регулирано во ниеден закон.
„Телеком ја прекопа цела Кисела Вода и за тоа треба да плати само некоја симболична цена, ставаат антени, а ништо за тоа не плаќаат. Сето треба тоа да се плаќа, треба да си има одреден вид такса“, рече Ѓорчев.
Градоначалник на Арачиново кажа дека урбаните општини се должни на руралните.
„50 години сите плаќаме за руралните, граѓаните ги плаќаат урбаните општини. Средставата, фондовите од ЕУ, најголемиот дел ги земале урбаните општини, ние руралните живееме од ДДВ и перосонален данок.
Треба да се направат идејни проекти, а тоа чини, физибилити студии, исто чини, да направам јас индустриска зона, треба да го поделам на блокови, по еден хентар до хектар, и до кога ќе го направам тоа, до 2020?
Дали се размислува да им се помогне на руралните општини, секој градоначалник сака да биде успешен во општината, но како доколку му е блокираната семтак, ако добива пари за само за администрација? Ние сме 8 километри од метрополата, а уште немаме регулирано водовод, уште со септички јами се бориме, да не зборуваме за депонии, имаме диви депонии на патот. Треба вниманието да се насочи кон руралните општини, на запад посебно има буџет за руралните општини, ние веќе не можеме секојдневно да кажуваме што недостасува“.
Ова е досегашниот тек на конференцијата„Локалниот и регионалниот развој-потенцијал или параван“, во рамките на одбележувањето на 20-годишнината на Фондацијата Отворено општество.