Бомбаш-самоубиец утринава се разнесе на безбедносен пункт во северниот дел од Багдад, при што погинаа најмалку 12 лица, јавија ирачки официјални претставници.
Меѓу погинатите има најмалку осуммина цивили, додека останатите жртви се полицајци, а во нападот, исто така, се повредени 32 лица, пренесе Танјуг.
Напаѓачот, кој до местото на експлозијата дошол пешки, го детонирал експлозивот на едно од најфрекфентните влезни точки во багдадската населба Кадимија, во која мнозинството жители се шиити.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што има карактеристики на досегашните напади на Исламска држава.
Оваа екстремистичка група, која контролиеа големо подрачје на северот и западот од Ирак, вообичаено изведува напади во мнозински шиитскимте делови на Багдад.