• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Социјалната парична помош во 2016 е повисока за 68% во споредба со времето на владеење на СДСМ

by А1он23/07/2016 - 18:49117
Share0

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2006-2016 го преполови бројот на корисници на социјална помош, во голема мера поради отворањето нови работни места и спроведување на мерки за вработување на лица во социјален ризик – работи кои за СДСМ биле и се научна фантастика, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Колку и да лаже, СДСМ не може да побегне од фактот дека просечната социјална парична помош во 2006 изнесувала 2.900 денари, а во 2016 изнесува 4.927 денари, односно е повисока за 68% во споредба со времето на владеење на СДСМ. Постојаната парична помош во истиот период е зголемена за 68,5%, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, меѓу многуте мерки, се посочуваат отпишаните долгови за социјално ранливите категории, одонсо дека 14.000 граѓани добија отпис на долгови во вкупна вредност од 1.798.493.393 денари.

– Врв на лицемерие е Мила Царовска да се појавува меѓу граѓаните од ранливите категории на кои ВМРО-ДПМНЕ им ја зголемува помошта, додека шефовите на Царовска, мултимиионерите кои го раководат СДСМ, одмараат на своите луксузни хациенди и јахти, планирајќи како можат да ги злоупотребуваат ранливите категории во обид да приграбат некој ситен политички поен, или да ги блокираат проектите кои се од нивна полза затоа што се дело на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бесрамна тактика на СДСМ е добро позната и прочитана од граѓаните, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, никој не им верува на СДСМ на кои граѓаните ќе им ја врачат заслужената казна на првите наредни избори.

dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен