Општина Куманово: Лагите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ, не може да го покрие незаконското работење на нивните функционери

Од:

Реакција од кабинетото на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски за како што се наведува “лагите изнесени на прес конференцијата на Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кон него“.

-Ниту една лага на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие незаконското работење на нивни функционери.
Очаен е обидот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да излегуваат со апсурди што немаат допир со реалноста на денот кога се очекува одлука околу продолжувањето на притворот на градоначалникот од нивните редови Владимир Талески, осомничен токму за финансиски малверзации со превоз на ученици.

Општина Куманово одговорно тврди дека дневна карта по ученик до 4 км е 50 денари, а до 7 км е 70 денари. Од тука произлегува дека цената за ученик е околу 5 денари километар ( за неограничено возење во текот на денот). Исто така има и специјален превоз за деца до 14 години.

Списокот на ученици од 5800 до 5500 (зависно од година) е издаден со адреса од самите училишта и врз основа на тоа се издаваат картите за возење.

Никогаш досега се нема случено двојно фактурирање или да фактурирање 36 дена во месецот, како што е случај со општините што ги раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите институции се во рацете на власта на Груевски, низ општина Куманово поминаа неколку ревизии и контроли од финансиската полиција којашто ги разгледуваше договорите за превоз и тендерските постапки, така што денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е класична и огромна лага, својствена за начинот на владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ што граѓаните ќе го казнат на следните регуларни избори, се вели во реакцијата од општина Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски