Осум членови на Универзитетскиот Сенат испратија отворено писмо до ректорот во заминување, Велимир Стојковски.
Го потсетуваат дека Ректорската управа по две недели се уште не го одобрила барањето за вонредна седница на Сенатот и покрај потребниот број потписи, согласно статутот.
Со ова ректорот, според нив, го крши статутот на УКИМ.
„Бројот на сенатори кои побараа вонредна седница го надминува потребниот минимум. Одредбата во член 111 на статутот на УКИМ е императивна, што значи дека по барање на една петтина членови, вие сте обврзан да свикате седница на Сенатот. Со чинот на несвикување на Сенатот вие најгрубо го прекршивте статутот на УКИМ, што како ректор сте должен да го применувате и штитите“, се вели во писмото.