Милијардерот Доналд Трамп влегува во претседателската трка

Од:

Милијардерот Доналд Трамп и официјално ќе ја трча претседателската трка на 8 ноември како кандидат на Републиканците.

И покрај контроверзите и несогласувањата по прашањето за неговата способностсепак Доналд Трамп стана републикански кандидат за претседател на САД.

Тој обезбеди 1.725 делегатски гласови, потребни за да влезе во претседателската трка.

„Заедно постигнавме историски резултат со рекордни гласови во историјата на Републиканската партија. Ова е движење, но ни треба уште многу за да го минеме целиот пат. Ние ќе ја обновиме нашата осиромачена војска и ќе се грижиме за нашите сјајни ветерани. Ќе имаме силни граници. Ќе се справиме со Исламската држава. Ќе ги обновиме законот и редот и тоа брзо, меѓу многуте други работи“, изјави Трамп.

Ривал на Трамп од Демократската партија најверојатно ќе биде Хилари Клинтон .

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Канада возврати на царините на Трамп

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски