Државните службеници во Турција нема да одат на годишен одмор. Оваа наредба на турскиот премиер Бинали Јилдирим важи до одлука за ова прашање и се однесува на околу три милиони државни службеници .
Државните службеници кои веќе се на одмор треба да се вратат на работа.
Претходно, турските медиуми јавија дека државните службеници не смеат да ја напуштаат државата.
Турската државна новинска агенција објави дека Министерството за внатрешни работи отпуштило околу 9.000 службеници низ цела држава.