Чавков молчи, дали полициски хеликоптер пренесуваше раноградинарски производи

Од:

И по три дена, молк од министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Нема одговор, зошто едно од најскапите превозни средства во министерството за внатрешни работи, во петокот, слета на приватен имот на територијата на општина Струмица и кој беше во него.

Господине Чавков,

Претпоставуваме дека како министер за внатрешни работи мора да знаете каде летаат хеликоптерите и за која цел.

Затоа и денеска ве прашуваме:

Дали е точно дека во петокот, хеликоптер слета на приватен имот на територијата на општина Струмица?

Дали е точно дека тој хеликоптер беше натоварен со раноградинарски производи?

И, кој ја издаде наредбата за тоа?

Почитуван министер во заминување, го очекуваме вашиот одговор.

Граѓаните на Струмица и Македонија имаат право да ја знаат вистината и да знаат каде се трошат нивните пари.
Македонија заслужува чесна, одговорна и транспарентна влада. Влада која што ќе ги почитува и ќе работи за интересите на граѓаните и ќе дава отчет за секој земен денар од нив. А таква ќе биде новата демократска влада на СДСМ на чело со Зоран Заев, рече на прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ од Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите