Николовски: Ревизорот откри и сомнителни 3 милиони евра за канали, дали дел се кај Ѕинго и кои се другите?

Од:

Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали, вели Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот во најновиот извештај е близу 3 милиони евра1!

Скандалозно е што парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и достават Записник2!

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој била должна согласно закон пред да исплати пари, да ја утврди состојбата на терен3!

Ревизорот јасно констатира дека не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен4.

Она што е дополнително скандалозно е што нема евиденција колку пати биле одобрувани пари за еден проект5 од програмата за рурален развој.
Ревизорот предочува дека е можно за едни исти проекти да биле исплатени двојно пари, односно постоел ризик за двојно финанисрање на проекти кои се веќе финансирани од други извори и институции6!

Кои се тие лица или фирми што добиле бизниси за чистење канали во земјоделството и се чувствувале толку сигурни и моќни за да им бидат исплатени суми, без да подлежат на контроли и процедури според законите?!

Фактите водат кон послушници на Никола Груевски.

Обелоденив, како дополнителен заменик министер за земјоделство, дека близу половина милион евра завршиле во фирма на коалицискиот партнер на Груевски и медиумски послушник Љубисав Иванов Ѕинго, чиј син е газда на телевизија Сител – и тоа токму за тендер за чистење на канали за одводнување и наводнување и токму во 2014 година, што е предмет на анализа на ревизорот. За овој случај како што знаете поднесов и Кривична пријава и се води истрага.

Во тој случај станува збор за околу половина милион евра.

Дали фирмата на Ѕинго, Силекс Неметали, е една од оние што добиле од сомнителните близу 3 милиони евра и кои се другите?

Бараме, надлежните институции веднаш да отворат истрага по наодите на ревизорот и да се открие во чии џебови и сметки завршиле околу 3 милиони евра пари на граѓаните!

Порачуваме дека сите надлежни институции се должни да постапат, бидејки во спротивно ќе бидат соучесници во сериозните индиции за криминали со народни пари.

Најавуваме дека новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе ги земе предвид овие ревизорски наводи, ќе направиме и нови ревизии и сите кои го кршеле законот или бие вмешани во криминали, ќе одговараат.

Законот мора да важи за секој!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија