„Бугарија не се согласува во името на Македонија да има географска поим. Варијанти, како Северна Македонија се апсолутно неприфатливи, бидејќи од географска гледна точка делови од нашата земја спаѓаат во тоа име“, ја пренесува агенцијата „Фокус“, изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Според бугарскиот премиер, тоа е предуслов за територијални претензии кон Бугарија.
„Во различни советувања, кои ги имаме правено кај нас, биле дискутирани различни варијанти. Повторувам, една од опциите, беше за Северна Македонија, ако не се лажам, и јас реков дека тоа пак ние не би го прифатиле, зашто утре ќе кажат дека Благоевград е македонски“, изјави бугарскиот премиер.