По Милош Раониќ од Канада и Симона Халеп од Романија, чешкиот тенисер Томаш Бердих е третиот кој го откажа својот настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради страв од вирусот Зика.
– Ова е тешка одлука донесена по долги и макотрпни разговори со моите најблиски, изјави Бердих.
Осмиот тенисер на светската АТП листа додаде дека поважно му е здравјето, пред се.
Олимпијадата во Бразил ќе се одржи од 5 до 21 август.