Костадинов: Полициски хеликоптер вчера слета на привaтен имот

Од:

По вчерашната прес конференција на која јавно побаравме од министерот за внатрешни работи Митко Чавков да каже дали со хеликоптер слета на територијата на општина Струмица за приватни цели, тој се јави со писмена реакција во која бара извинување и се заканува со тужба. Друго од него и не очекувавме, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Затоа, почитуван министер во заминување, ако некој треба да се извини, тоа сте вие, затоа што граѓаните на Струмица добро знаат, добро гледаат и добро слушаат.

Ај што вчера слушнавме дека не знаете колку вработени има во институцијата на чие чело моментално стоите, очекуваме, дека знаете каде вчера леташе и слета едно од најскапите превозни средства во министерството за внатрешни работи.

Ја користиме можноста, единствено да се извиниме господине Чавков, што не сакаме да ви помогнеме да си ја гледате работата и да ви кажеме зошто полициски хеликоптер вчера слета на привaтен имот и превезуваше раноградинарски производи.

Затоа денес, ве прашуваме, ако вчера Вие не сте биле во хеликоптерот, тогаш кој бил и што барал тој да слета на приватен имот на територијата на општина Струмица? Претпоставуваме, дека како министер за внатрешни работи тоа мора да го знаете тоа.

Граѓаните на Струмица и на Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат