Николовски: Скандалозни ревизорски наоди за злоупотреби на субвенции, бараме одговорност!

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, популарно наречена Платежна агенција, којашто треба да работи во интерес на земјоделците, на сомнителен начин делела и исплаќала субвенции, рече Љупчо Николовски, член на извршен одбор на СДСМ.

На ова не се жалат само земјоделци. На ова не укажува само СДСМ.

Оваа потврда стигна и од овластениот државен ревизор за работа на Агенцијата!

Ова е конечниот извештај на овластениот државен ревизор на финансиските извештаи на Платежната агенција за 2014 година, објавен пред само неколку дена.

Наодите на ревизорот во делот на субвенциите упатуваат на повеќе скандалозни сомневања.

Агенцијата на нејасен начин определувала кој колкава сума субвенции треба да добие односно постоеле ризици при пресметување на висината на субвенциите.

Агенцијата спроведувала сомнителни контроли на терен при што постоел ризик за поднесени неточни и невистините податоци од страна на некои т.н. корисници на субвенции.

Ревизорот се сомнева дека Агенцијата правела исплати кои не се во согласност со условите и критериумите утврдени во програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Она што е можеби најевидентен пример за злоупотреби на пари за субвенции е констатацијата на ревизорот1 дека биле исплаќани пари на субјекти кои се појавуваат во списоци на исплата, но не и во списоци на лица на кои им се одобрени средства со решенија и обратно.

Овие податоци од државниот ревизор стигаат во време кога доцни исплатата на субвенциите за земјоделците што требаше да се случи според закон до 30 јуни. Додека чесните земјоделци и по неколку години чекаат да си ги добијат парите што им следуваат по закон, а блиските до власта се богатат на нивен грб. Во услови кога власта скрати 15 милиони евра за субенции што е директен доказ дека не ги интересираат земјоделците, туку само пари во џебовите на фамилијата и соработниците.

СДСМ предупредува дека надлежните институции се должни да постапат по наодите на државниот ревизизор за сериозните индиции за злоупотреби од страна на Платежната агенција во 2014 год.

Бараме Владата веднаш да им ги исплати субвенциите на земјоделците што им следуваат по закон.

А порачуваме дека новата одговорна Влада што ја предводи СДСМ ќе ги земе предвид овие ревизорски наоди, ќе направиме и дополнителни ревизии и сите кои се богателе на сметка на потта и трудот на чесните земјоделци и кои дозволиле злоупотреби на субвенции ќе одговараат.

Законот мора да важи за секој!

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа