Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков го брани началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој е под истрага на СЈО? Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување не може да преземе соодветни правни постапки, затоа што Горан Грујевски бил на боледување, но Грујовски зема цела плата, рече Оливер Спасовски, генерален Секретар на СДСМ.
Ова е аргумент контра тврдењата на Чавков.
Ова е извод од Управата за јавни приходи од којшто може да се види дека Горан Грујевски прима целата плата!
Овој документ упатува на тоа дека Грујевски не е на боледување, а министерот Чавков лаже.
Доколку е така, Чавков влегол во сериозно дело попречување правна постапка против осомничен за сериозно кривично дело, скандал со нелегално прислушување.
Барам од надлежните институции да проверат дали министерот за внатрешни работи Чавков ја злоупотребува својата службена положба и го крие Грујевски. Ако е така институциите мора да преземат соодветни мерки против Чавков.
Дури и Грујевски да е на боледување, но е привилегиран од неговиот шеф Чавков и ја зема цела плата, министерот Чавков го крши законот.
Ниеден граѓанин во Македонија не зема цела плата додека е на боледување.
Предупредуваме дека институциите во Македонија и вработените во нив се должни да работат според законите и Уставот на Република Македонија.
Порачуваме дека оваа криминална власт е во заминување и дека секој кој работел противзаконски или бил соучесник, многу брзо ќе се најде пред лицето на правдата.