А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и наштетува на државата со лаги за еврообврзницата

by А1он15/07/2016 - 16:45158
Share0

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Кире Наумов наведува дека опозициската партија направила „уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– СДСМ се обиде да упадне во финансискиот систем со намера да спречи инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ годинава веќе им нанеле штети од милиони евра на македонските граѓани преку ширење лаги за наводна девалвација на денарот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно, стои во реакцијата, без никаква причина, со ширење на лаги се обидува да и нанесе штета на Република Македонија и преку пласирање на дезинформации за еврообврзницата.
– Република Македонија е посилна и ќе ја надмине и оваа нова деструктивна епизода на Зоран Заев. Тој и неговите послушници ќе ја добијат сметката од граѓаните на наредните избори за ваквото финансиско насилство врз државата, се вели во реакцијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео