Заев: СДСМ и граѓаните на Македонија се солидаризираат со пријателскиот народ во Франција и светот против тероризмот

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за ужасниот терористички напад во Ница упати Телеграма со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција.

„Упатувам искрено и длабоко сочувство до семејствата на над 80-темина загинати, на над 100-темина повредени во терористичкиот напад во Ница, до францускиот државно – владин врв како и до пријателскиот народ во Република Франција, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Најостро го осудуваме кукавичкиот чин во Ница, во којшто настрадаа граѓани кои на улиците на градот ја славеа слободата и еднаквоста, во чест на националниот празник на Франција, 14 јули.

Да се посегне по терористистички акт, какви што се првичните оценки, врз мирољубиви граѓани определени кон овие врвни демократски и цивилизациски придобивки, е уште еден ужасен аларм какво грозоморно зло е тероризмот кој не познава националност и вера туку е атак врз човештвото.

Го споделувам ставот со демократскиот свет дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството и омразата и една од најсериозните закани на меѓународниот мир и стабилност, тероризмот.

Се солидаризираме, како Социјалдемократски сојуз и како граѓани на Република Македонија со францускиот народ и подготвени сме да помогнеме во рамки на нашите можности.

Уверен сум дека Република Франција има и физичка и духовна сила да ги изведе одговорните пред лицето на правдата и да се издигне над трагедијата што ги потресе граѓаните на Франција, но и целата светска демократска јавност“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ