Рама со нова понуда до опозицијата во врска со реформите

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама преку својот профил на социјалните мрежи синоќа на опозицијата и предложи постигнување консензус околу реформите во правосрудстото, кое се главен услов за членство за земјата во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА, тој и предлага на опозицијата „сама да напише нови реформи, онакви какви што посакува“, а потоа тексот да го достави до САД и ЕУ.

– По добиената согласност од САД и ЕУ секако дека ние ќе ги изгласаме без да поместиме ни една запирка, напиша Рама на Фејсбук.

Последната реакција на Рама доаѓа по неговите средби со американскиот амбасадор Доналд Лу и евроамбасадорот Влахутин. Двајцата амбасадори изминатите денови имаа низа средби како со Рама така и со лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша.

Правосудните реформи, за кои власта и опозицијата во Тирана имаат различни ставови по неколку прашања, во Тирана ја донесе и Викторија Муланд, американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Пакетот закони за реформите во правосудството на дневен ред на седница на албанскиот законодавен дом се следниот четврток, 21 јули.

Би можело да ве интересира

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Рама: И Зеленски ќе заврши како лидерите на ОВК

Горан Наумовски

По барање на Рама, разрешен првиот човек на албанската тајна служба

А1он

Рама до Мицотакис: Те сметаме за пријател и брат овде во нашата земја

А1он

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Рама: Поплавени се 590 куќи, евакуирани 32 семејства во поплавите

А1он