Рама до Мицотакис: Те сметаме за пријател и брат овде во нашата земја

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис престојува во посета на јужниот дел на Албанија, поточно во градовите Химара, Финиќ и Дропул, населени со припадници на грчкото малцинство.

Тој со воен хеликоптер прво слета во Химара, каде го посети грчкото училиште „Омирон“.

Придружуван од првиот човек на грчкото друштво „Омонија“, Фреди Белери, тој изјави дека безусловно ќе ја поддржи интеграцијата на Албанија во ЕУ, вети решавање на прашањето на пензиите на албанските државјани во Грција, а ја пренесе големата поддршка за припадниците на грчкото малцинство. Најави дека грчката Влада набрзо ќе изгради грчко средно училиште во Химара.

Втора дестинација беше Дропул, каде беше и неговиот албански колега Еди Рама, кој најави дека плоштадот во ова гратче ќе го носи името на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, таткото на Кирјакос Мицотакис, кој ја посетил Албанија пред 30 години.

Рама побара од Мицотакис да вети дека ќе биде присутен на инаугурацијата на главниот плоштад во Дропул, но, му порача дека прво мора да победи на изборите.

-Сакам да кажам дека за нас малцинството е незаменлив мост на нераскинливата врска меѓу нашите две земји и со голема благодарност сакам да ги поздравам сите граѓани, како тебе, со грчка националност, кои дадоа многу за заедницата, земјата и благодарение на слободата и отворањето на границите по долг период, тие можат слободно да се движат меѓу оваа и онаа страна на границата, изјави Рама.

Среќен сум, посочи тој, што претставниците на оваа заедница се меѓу најважните во нашата економија.

– Овде се собрале за тебе, никогаш вака не се собрале за мене, да знаеш. Те сметаме за пријател и брат овде во нашата земја. Плоштад ќе го носи името на таткото на премиерот и во негова чест ќе биде поставена биста. Мора да победиш на избори. Вети дека ќе дојдеш овде да инаугурираш, дека повторно ќе бидеш премиер, за плоштадот и поставувањето на бистата, му се обрати Рама на Мицотакис.

Грчкиот премиер го посети и градот Финиќ, кој, од 61 општина, колку што има во земјата, е единствен каде градоначалник е Грк од партијата МЕГА.

Би можело да ве интересира

Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Горан Наумовски

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

Мицотакис: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Горан Наумовски

Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите