Рама: И Зеленски ќе заврши како лидерите на ОВК

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека поранешните лидери на ОВК „се бореле против етничкото чистење, а денес се во затвор без никакви обвиненија“, додавајќи дека постои можност и претседателот на Украина, Володимир Зеленски да заврши зад решетки, пренесува Репортерс.

Во интервју за РТСХ од Италија, каде што се одржа средбата на лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“, Рама вели дека е зачуден што „оние кои се бореле против бруталниот режим се обвинети за воени злосторства“.

„Нешто не е во ред со овој процес. Во најнегативна смисла ме чуди фактот што водачите и командантите на народноослободителното движење, не организирана војска, туку бунт против бруталниот режим кој имаше за цел етничко чистење на Албанците на Косово, се обвинети за воени злосторници. Човекот кого претседателот на САД и до вчера една од главните фигури на американскиот Сенат, Џо Бајден, го крсти како Џорџ Вашингтон од Косово, денеска е зад решетки. Без компензација, што е надвор од фантазијата во однос на меѓународното и националното право и ме тера да размислувам, дали тоа ќе биде судбината на претседателот Зеленски за неколку години? Еден ден ќе го видиме овој херој на кој сите му се восхитуваме зад решетки“, рече Рама.

Тој нагласи дека Тачи, Весељи, Сељеми и Красниќи „минуваат низ нешто што е речиси исто тешко како војна со непријателот“.

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира